Бетовенова Ечи од Музика со Неподнослива Јачина нема кој да Реагира

Во дивата ромска населба на улица “Бетовенова“, во близината на средното училиште Никола Карев, со денови, до граница на неподносливост и хистерија ечи од електрични појачувачи, квази исламска турбо музика. Граѓаните кои живеат во куќите и становите во близина и се граничат со оваа фантомска населба (со непријавени фантоми-жители и нерегистрирани времени живеалишта) се жалат дека прозорците се тресат од јачината на музиката. Ова лудило трае по 24 часа без прекини. По реакциите до МВР (СВР Струмица), надлежните во повеќе наврати дрско одговараат дека ваквиот настан не е под нивна надлежност/контрола, дека едноставно се работи за приватни “забави“. Срам за институциите на системот кои треба да обезбедат мир, ред и основно спокојство и услови за живот на сите граѓани подеднакво. Одличен повод за уште еден дополнителен егзодус на граѓаните кои бараат достоинствен живот во рамките на цивилизациските основни права и достоинство, а по некоја случајност нивните домови се нашле на границата на некакви пост- праисториски населби со свои посебни закони и правила на однесувања и свои алатки за вршење душевен терор врз околината.

Извор- фејсбук статус на Дежурна Критика…

Напишете коментар