Ангелци ќе добие нова улица

Почна изградбата на улица во населеното место Ангелци. Наскоро жителите од овој крај ќе добијат нова улица поплочена со бехатон плочки, во должина од 200 метри. За оваа инвестиција потрошени се 1 милион и 700 илјади денари, од кои 1 милион и 500 илјади денари обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, а останатите 200.000 денари од Буџетот на општина Василево.

При денешната посета на градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов во населеното место Ангелци, тој рече дека во меѓувреме се работи и на уредување на дворното место во Црквата Св.Спас.

Од Општина Василево најавија и други вакви проекти со кои на жителите во населените места ќе им се подобрат условите за живот и реализирање на секојдневните потреби.

Напишете коментар