Александра Јанева синоќа блесна на првиот солистички концерт

Синоќа во центарот за култура Антон Панов се одржа велигденски хуманитарен концерт а воедно и првиот солистички концерт на Александра Јанева.
Александра со подршка на нејзините пријатели од бендот „Coverland“ ја воодушевија струмичката публика, која во еден глас ги пееа познатите светски нумери како и песните на Александра.
Александра уште еднаш докажа дека е светски вокал кој може да се рамни со познатите музички диви.

Напишете коментар