Александар Донев -Сeкој Октомври пред нас поставува завет за да ги чуваме националните интереси

Интегрален текст од прес конференцијата на Александар Донев -носител на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија:

ПОЧИТУВАНИ, ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА ИМ ГО ЧЕСТИТА ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11-ТИ ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ПОЧЕТОКОТ НА ВОСТАНИЕТО ПРОТИВ ФАШИЗМОТ Е МЕЃНИК ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА, ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН САМОСТОЈНОСТА И САМОБИТНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ОВОЈ ПРАЗНИК Е ПОТВРДА ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕКОГАШ Е ОПРЕДЕЛЕН КОН СТРАНАТА НА ПРОГРЕСОТ НА СВЕТСКАТА ДЕМОКРАТИЈА И СЛОБОДАТА. СО БЛАГОДАРНОСТ ПРАВИМЕ ПОКЛОН ПРЕД БОРЦИТЕ КОИ ГИ ПОЛОЖИЈА ЖИВОТИТЕ ЗА НАШАТА СЛОБОДА. ПОЧИТУВАНИ, СЕКОЈА ГЕНЕРАЦИЈА СЕ СООЧУВА СО ПРЕДИЗВИК, СО ВРЕМЕ НА ТЕМНИНА КОЕ БАРА НОСЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА ОДЛУКА: ДА СЕ ПОБЕДИ ХРАБРО, СО ЉУБОВ И СО СВЕТЛИНА КОЈА ИЗВИРА ОД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ. ИСТОРИЈАТА ГО СВЕДОЧИ МЕСЕЦ ОКТОМВРИ КАКО ВРЕМЕ НА РЕВОЛУЦИЈА, СЕКОЈ ОКТОМВРИ ПРЕД НАС ПОСТАВУВА ЗАВЕТ ДА ГИ ЧУВАМЕ НАШИТЕ НАЦИОНАЛНИ И ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ И, ПРИ ДОНЕСУВАЊЕТО НА БИЛО КАКВА ОДЛУКА ДА СИ ПРИПОМНИМЕ ДЕКА: -НИЕ ДРУГА ТАТКОВИНА НЕМАМЕ! НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ!