“ Академиците “ од генерација 2003 со сребро се враќаат од Балканика Куп 2016 во Сандански

Продолжува победоносниот од на ФК Академија Пандев генерација 2003 на                “ Балканика Куп “ 2016 во Сандански, Р.Бугарија.

Дечињата во полуфинале извојуваа победа од 4:0 против ФК Орлета од Пазарџик. Ова беше 4-та победа во низа за  дечиња од Академија Пандев од исто толку натпревари и 4-та победа без примен гол.

Во финалниот натпревар тие играа со ФК Левски, кој се покажа како подобар противник.

Немавме сили за уште еден подвиг. Игравме храбро и одговорно, но заморот се повеќе се забележуваше на лицето на нашите дечиња. Физички појакиот и поснажниот тим на ФК Левски тоа успеа да го искористи и да го добие денешниот финален натпревар со резултат од 2:0.

Со тоа генерацијата од 2003 година од Академија Пандев го освоија 2 то место и се вратија со сребро.

Напишете коментар