Агенцијатата за вработување на РМ во општина Босилово

Денес во просториите на Информативно-едукативниот центар во с. Босилово, Агенцијата за вработување на РМ одржа презентација околу можностите за вработување на сите активни баратели на работа.

Исто така се одржа и средба со работодавачите од општината на која тие беа запознати со можностите за прием на нови работници и соодветните олеснувања кои им се пружаат.

На презентацијата присуствуваше и директорот на АВРМ г-дин Влатко Поповски.

Напишете коментар