АероМобил – Со Летечка Кола Најбрзо на Работа

Подобра од птица, подобра од авион, можеби подобра и од Супермен. Ви ја претставуваме летечката кола – АероМобил.

Стартап од Словачка ја престави AeroMobil 3.0 на Пионерскиот Фестивал во Виена. Тоа е идеја која се разработува 25 години и претставува трет прототип од истата компанија.

Стефан Клајн, основач на Одделот за транспорт дизајн на Академијата за ликовни уметности во Словачка, го дизајнирал возилото. Иако Клејн работи на концептот уште од 1989 година, работите не се реализирале сѐ до 2010. Проектот го комерцијализирал со започнувањето на АероМобил.

“Веруваме дека личниот превоз ќе се промени засекогаш”, изјави главниот извршен директор Јурај Вачулик на прес конференцијата.

До сега имало многу концепти за летечки автомобили, и се чини дека е само прашање на време пред некоја од нив да почне масовно да се произведува. Европската унија ги поддржува истражувањата за MyCopter во надеж дека летачкото возило може да помогне во олеснување сообраќајниот метеж.

Летечки автомобили веќе долго време се во имагинацијата на јавноста, благодарение на филмските концепти како што се DeLorean во “Назад кон иднината” и автомобилот на “Jetsons”.

Од AeroMobil рекоа дека возилото е во близина на комерцијална достапност, но сертификацијата – сега во подготовка во Словачка – ќе биде комплицирана и ќе варира во зависност од земјата.

Автомобилот, кој може да превозува две лица, работи на истиот бензин кој е достапен во сите бензински пумпи. Потребно му е околу 200 метри за да полета, а само 50 метри за да слета. Аеромобил може да лета со брзина од 200 километри на час.

Имајки во предвид дека повеќето луѓе едвај поминуваат на возачки испит, ќе биде интересно да се види како би полагале за летање.

Напишете коментар