70 Волонтери за Струмица Опен Фест

Во канцелариите на Младинскиот Совет,пријавените волонтери дебатираа и ги договараа активностите за реализација на Струмица Опен Фестивал 2015.

За оваа година има голем интерест и тоа од повеќе градови од државата.

„Изминатите три години волонтерскиот тим се состоеше од 30-тина млади ентузијасти. Годинава достигнуваме бројка од 70 пријавени волонтери кои ќе бидат носечки дел од активностите на Најубавите десет дена ова лето. Изненадува интересот на волонтери од други градови,” рече Никола Абрашев – координатор на активностите на волонтерите.

Новитет годинава е еко-работилницата преку која младите ќе го збогатат фестивалското доживување со креативни реквизити од реупотребени материјали кои ќе најдат примена на сите локации на ОПЕН фест

Напишете коментар