70 години Ловно друштво Беласица – Струмица

На денешен ден пред седумдесет години е формирано Ловното друштво Беласица од Струмица.
Според документите со кои располага друштвото, тоа се одобрува да се формира со решение на СВР-Штип на 7 ноември 1946 година, со седиште во Струмица со право на дејност на територијата на Струмичката околија.
За прв претседател на Друштвото е избран Кирил Николов -Тошев кој со извесни прекини ке биде прв човек се до 1973 година.
Големиот јубилеј планираат да го одбележат со низа активности од кој најзначен ќе биде собирот на сите ловци како и промоцијата на монографијата за 70 те години од опстојувањето на ловното друштво од новинарот Ристо Тасев.

Напишете коментар