20 та по ред традиционална крводарителска акција

Основната организација на Црвениот Крст при општина Струмица во соработка со Црвениот Крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина на ден 11 мај (среда) ја организира 20-та по ред традиционална крводарителска акција на која учество ќе земат вработените во oпштина Струмица. Се покануваат и сите граѓани на Општината и пошироко да дадат свој придонес во оваа хуманитарна акција, при што секоја собрана единица крв за некој болен – живот значи. Акцијата ќе се одржи во просториите на Заводот за трансфузиона медицина од 08 до14 часот.

Напишете коментар