138 првачиња во општина Василево седнаа во училишните клупи

За 138 првачиња од општина Василево, денес за прв пат заѕвони училишното ѕвонче. Двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански“ од Нова Маала, ширум ги отворија вратите за новите ученици, на кои добредојде им посакаа директроките на училиштата г-ѓа Емилија Котева и г-ѓа Соња Ничева. Среќен почеток со желби за многу успех во учењето им посака и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов кој првачињата ги израдува и со подарок –школски прибор.
Нивните повозрасни другарчиња пак ги дочекаа со песнички за училиштето, учењето и другарувањето, кои ги имаа специјално подготвени токму за денешниот ден.
Што се однесува до бројот на запишани првачиња, општина Василево е една од ретките кои можат да се пофалат со зголемување на бројот. Оваа година, во однос на претходната бројот на првачиња е зголемен за десетина дечиња. Ако се има предвид искуството од претходните години овој број може дополнително да се зголеми, бидејќи најчесто конечната бројка се комплетира во септември – информираат од стручните служби во училиштата.

Напишете коментар