✏🖌🖍 Моја – твоја – наша боја! 🖍🖌✏

ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица од почетокот на овој месец започна со имплементација на програмските активности насловени „Моја – твоја – наша боја“, финасиски помогнати од Општина Струмица преку V2 Програмата од Буџетот на Општина Струмица за 2019 г.

Имено, во рамки на програмските активности, младинците со интелектуална попреченост ќе учат техники за изработка на боенки за најмалите, а преку промоција на боенките и заеднички работилници со дечиња од прво одделение од основните општински училишта, ќе се даде придонес кон подигањето на свеста за можностите на лицата со попреченост, преку промоција на почитување на правата на лицата со попреченост на сите нивоа на образовниот систем, вклучувајќи ги сите деца од најрана возраст.

Исто така, боенките потоа ќе ги продаваме и ќе инвестираме во нови тематски боенки и активности.

Програмските активности се финасирани од Општина Струмица во висина од 242.550,оо денари, како и со учество на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, заедно со РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје.

Напишете коментар